Пица на брзинка-без квасец

СОСТОЈКИ (за две лица):

  • 2 филџани брашно
  • 1 филџан јогурт
  • 1 лажица сол
  • 1 лажца прашак за пециво
  • додатоци по желба

ПОДГОТОВКА:

Сите состојки едноставно измешајте ги и малку замесете ги, потоа ставете го тестото во тепсија и растегнете го по целата површина.

Додатоците за пица наредете ги по површината на тестото (кечап, салама, кашкавал, печурки …) и ставете го да се пече како за обична пица на 220°C, 10 – 15 минути.