Пица по рецепт на актерката Гвинет Палтроу

Ви ја претставуваме рецептата за пица на Гвинет Палтроу. Рецептот е за тестото и доматниот сос на пицата, а останатиот дел е по ваш избор.

Состојки за тестото:

2 и пол шољи млака вода
2 лажици шеќер
3 пакетчиња сув квасец
5 шољи брашно
1 и пол лажица маслиново масло
1 лажица крупна сол

пица

Подготовка:

Најпрво половина од водата измешајте ја со квасецот во еден голем сад, направете ја смесата пенеста и оставете ја нека одстои 5 мин.

Во другата половина од водата ставете го брашното, маслиновото масло и солта. Мешајте постепено и додавајте ја водата со квасецот.

Месете го тестото 8 минути додека не стане подготвено за подготовка на пицата. Потоа прекријте го садот со тестото со една крпа и оставете нека стои час и половина.

Состојки за сосот :

2 лажици маслиново масло
1 излупен и ситно исецкан морков
1 кромид
неколку домати излупени и исецкани
1 лажица сол

Откако ќе ги подготвите тестото и сосот, ставете ги останатите состојки по ваш избор.

Пицата е спремна за печење.

пица