Археолозите во египетскиот град Абидос откриле пивара стара 5.000 години, што може да произведе илјадници литри пиво.
Веста ја објави египетското Министерство за туризам и антиквитети.
Министерството додава дека пиварницата веројатно потекнува од времето на кралот Нармер, последниот крал на прет-династичкиот период (3300-2900 п.н.е.).
Археолозите веруваат дека пивото се користело за време на ритуалите на кралските погреби на најраните египетски кралеви.
Пиварницата, чиј производствен капацитет бил 22.400 литри, е поделена на осум делови со 40 садови од глина за загревање мешавина од житни култури и вода.
الكشف عن ما يعتقد انه أقدم مصنع لصناعة الجعة بأبيدوس
توصلت البعثة الأثرية المصرية الأمريكية المشتركة، برئاسة الدكتور…
Posted by Ministry of Tourism and Antiquities وزارة السياحة والآثار on Saturday, February 13, 2021