И платил 375.000 долари за да молчи: Роналдо силувал девојка?

По информациите кои неодамна излегоа во јавноста дека Кристијано Роналдо силувал девојка, па и платил 375 долари за да молчи, уште детали почнаа да се шират по светските медиуми.

Девојката која наводно ја силувал Роналдо, потпишала договор со кој за 375.000 долари се откажала од тужба и се заколнала дека ќе молчи за настанот.

Тие се запознале на забава во Лас Вегас, по што Роналдо ја одвел во неговата хотелска соба.

„Сакам светот да дознае за тоа што ми се случи и за тоа како човек е тој. Ме нападна од позади, а јас врескав и го молев да престане. Во животот никогаш не сум била толку уплашена“, изјавила таа.

И покрај тоа што ја започнала судската постапка, девојката вели дека правадата тешко ќе ја дочека и дека се кае што ја прифатила спогодбата бидејќи повеќе не е истата личност.