Плескавици од тиква (рецепт)

Потребни состојки:

– 1 кг тиква, исчистена и исечена на парчиња,
– 400 грама леблебија во конзерва, измиени и исушени
– 1 чешне лук, сецкан
– 1/2 лажичка толчена пиперка
– 1 лажичка мелен ким
– малку магдонос, грубо исечен
– 3-4 лажици интегрални презли

За салатата:

– 2 моркови, грубо изрендани
– 1/2 помал црвен кромид, тенко исечен
– 100 грама издробено фета сирење
– 4 интергрални тортиљи или сомун

Подготовка:

1. Парчињата тиква испечете ги во поклопен огноотпорен сад на 200 степени околу 10 минути, или додека не омекнат. Леблебиите, лукот, пиперката, кимот и половина од магдоносот изблендирајте за да добиете течна смеса.

2. Оставете ја тиквата малку да се олади и потоа со лажица одвојте го месестиот дел од кората и додајте го во смесата од леблебија. Зачинете и додајте ги презлите. Се добро измешајте со раце и обликувајте мали плескавици. Секоја ставете ја на чинија и оставете ја да се олади 10 минути.

3. За салатата, измешајте го преостанатиот магдонос, ренданиот морков, црвениот кромид и фета сирењето.

4. Загрејте ја скарата или тавче и спечете ги плескавиците додека од двете страни не добијат убава златна боја.

5. Плескавиците сервирајте ги со салатата во сомун или тортиља.