Плетењето е како јога за вашиот мозок, тврдат невролозите

Плетењето е хоби кое ги забавува жените низ целиот свет, а неврологијата признала дека оваа активност е како јога за вашиот мозок.

Во истражување во кое учествувале повеќе од 4.000 плетачи од целиот свет, се покажало дека за време на плетењето често настанува забавување на срцето.

Релаксацијата и ослободувањето од стресот се само некои од придобивките од ова хоби.

Доколку плетете барем 3 пати неделно, вашата анксиозност и стрес значително ќе се намалат.

Исто така, со помош на плетењето ќе почувствувате голем број промени:

Се подобрува менталната состојба. Решавањето на психичките проблеми ќе ви стане полесно.
Ќе развиете добри моторни способности и полесно ќе извршувате некои задачи.
Ќе се развие вашата креативност.
Ќе имате чувство на постигнување и сигурност, а ова ќе придонесе за зголемување на вашата самодоверба.
Вниманието и концентрацијата ќе ви бидат постојани придружници.
Вашето сеќавање ќе се подобри, а мозокот ќе ви работи многу побрзо.

Многумина веруваат дека токму плетењето им помага на постарите жени да останат присебни и да продолжат со животот. Можно е дури да се ослободите и од вашата депресија со ова хоби.