Се погласни се гласините дека по здравствените проблеми и шестиот рак на кожата, славниот холивудски актер Хју Џекмен има сериозни проблеми и во приватниот живот.
Наводно, бракот на Џекман со Дебора-Ли кој трае веќе 20 години е во голема криза, па двојката веќе четири или пет месеци живее одвоено.
Австралиски магазин напишал дека 48-годишниот Хју и неговата 13 години постара сопруга Дебора-Ли, со која има две деца, 16-годишниот Оскар и 11-годишната Ава, последните месеци живеат одвоено.
Наводно и пријател близок на двојката открил на новинарите дека „искрите меѓу нив исчезнале“ и дека се повеќе време поминуваат одвоено еден од друг.
Истиот магазин објавил дека Дебора-Ли смета дека нејзиниот сопруг поминува низ средовечна криза.
Ѕвездата на филмот „Волверин“ во последно време се дружи со многу помлади луѓе од себе.
Сепак, сите тие натписи Хју Џекман ги демантира, но, никогаш не се знае.