Познатиот британски пејач Ед Ширан открил дека многу луѓе се дружат со него поради богатство кое го поседува, откако магазинот „Форбс“ ја објави информацијата дека тој заработил 54 милиони евра во 2015 година.
„Добивав пораки со слики на автомобили кои луѓето ми порачуваа дека сакаат да ги добијат за роденден, бидејќи чинат само 0,6 проценти од мојата годишна заработка“, изјавил Ширан во едно интервју.
Токму таквите барања, го натерале Ширан да престане да комуницира преку паметен телефон, заменувајќи го со стар мобилен телефон, за да може да биде во контакт со неговото семејство и со најблиските пријатели.
„Сега комуницирам воглавно преку електронска пошта, што е помалку стресно. Веќе не морам да одговорам на 50 пораки кога ќе се разбудам наутро“, објаснил Ширан.