По оваа фотографија јавноста ги обвини Кејт и Вилијам дека се „лоши“ родители

За да го одбележат третиот роденден на малиот принц Џорџ, британското кралско семејство објави повеќе негови фотографии на кои тој искусно позира.

Сепак, една од фотографиите крена прашина меѓу здруженијата за заштита на животни, кои истакнуваат дека станува збор за злоупотреба на кучето Лупо, домашниот миленик на семејството на принцот Вилијам.

<img class=”alignnone size-full wp-image-297915″ src=”http://hitportal.com.mk/wp-content/uploads/2016/07/kuce.jpg” alt=”принцот и куче ” width=”850″ height=”556″ />

На фотографијата, принцот Џорџ му дава сладолед на кучето, за што здруженијата велат дека може да биде опасно по здравјето на домашните миленици.
<blockquote>„Малиот принц Џорџ сака да го разлади својот миленик давајќи му малку сладолед, но тоа е погрешно. Им препорачуваме на луѓето да бидат внимателни кога на кучињата им даваат човечка храна, бидејќи некои намирници, како на пример чоколадото, можат да бидат отровни за кучињата, додека пак млечните производи може да бидат тешки за варење“, се наведува во соопштението на британската организација за заштита на животни, РСПЦА.</blockquote>
<img class=”alignnone size-full wp-image-297756″ src=”http://hitportal.com.mk/wp-content/uploads/2016/07/hitportal-george.jpg” alt=”принц џорџ роденден” width=”962″ height=”1294″ />