Бројните позитивни својства на водата секому му се познати. Повеќе од јасно е дека внесувањето на доволна количина на вода во текот на денот е неопходно за избалансиран организам.
Доколку сепак не сте љубител на обична вода, збогатете ја со омилените вкусови што нема да ги неутрализираат нејзините позитивни ефекти врз здравјето.
Добро ќе ви дојде по празничните прејадувања.
Вода и зачини
Додадете листови од босилек или нане во шише со вода и оставете го преку ноќ. Можете исто така да додадете неколку капки лимон наутро и ќе добиете освежителен пијалок.
Вода со цимет
Промешајте го стапчето цимет во малку вода и оставете ја оваа ароматична течност да служи како концентрат што ќе го разредете со вода. Покрај одличниот вкус, циметот, исто како и водата, има бројни лековити својства – може да го намали нивото на шеќер во крвта и холестерол.
Вода со вкус на овошје
Неколку капки свежо исцедено овошје ќе и дадат на водата нова арома, и нема да биде потребно да додавате засладувачи.
Вода со вкусни коцки мраз
Можете да замрзнете кафе, вода и овошје или пире од овошја, овие вкусни коцки мраз ќе дадат посебен шмек на чашата вода.