По раѓањето на синот и разводот: Џенет Џексон повторно на турнеја

Џенет Џексон која во 2015 година ја прекина турнејата поради бременост, оваа недела ги соопшти датумите за 56 концерти во Северна Америка за 2017-та година.

Во пораката до своите фанови 50-годишната Џексон изјави дека е благодарна за својот син Ејса и ја потврди разделбата со неговиот татко – катарскиот милијардер Висам ал Мана.

„Да, јас се разделив со својот сопруг, во судот сме, а останатото е во рацете на Бог“, рече помалата сестра на кралот на попот Мајкл Џексон.

џенет џексон

Пејачката беше исклучително дискретна во однос на личниот живот откако се омажи за Ал Мана во 2012 година, чија компанија шири луксузни брендови на Персискиот полуостров, а неговата состојба се проценува на 1 милијарда долари.

Џексон исто така објави дека го менува името на својата турнеја, која првично се викаше “Unbreakable”.

Сега турнејата, која започнува на 7 септември во Луизијана и завршува на 17 декември во Атланта, ќе се вика “State of the World”, а се уште не е јасно дали ќе има продолжение и во Европа.

Се уште не се познати причините поради кои пејачката се раздели со својот сопруг.

џенет џексон