Итно ви е потребна диета со која ќе можете да уживате во богатата празнична трпеза.
Не се секирајте за тоа, ние за вас имаме астролошки диети.
Погледнете која диета му одговара на вашиот хороскопски знак.
ОВЕН – Аткинсонова диета
Сакате да комбинирате фитнес со диета, епа Аткинсоновата диета ви го овозможува токму овој однос.
Ако сте се одлучиле за диета, тогаш проверете ги основните намирници и фатете сте за работа.
Овните се упорни, па Аткинсоновата диета се базира на посебен прехранбен режим и вежбање, што е вистински избор за вас.
БИК- Перицонеова диета
Сакате благи работи, па за вас најважно е да се намали внесувањето на шеќер и тоа од сите врсти.
Бидејќи со вашиот знак владее Венера, за вас совршена диета е Прицонеовата со која се ограничува внесувањето на шеќер и јаглен хидрати.
БЛИЗНАЦИ – Диета во друштво
Тоа накратко значи дека ви одговара секоја диета или фитнес режим кој ги вклучува и вашите пријатели со кои заедно ќе влезете во овој начин на живот.
Само напред и не се откажувајте!
РАК – Зелена диета
Вие сте помалку алтруистично настроени и сакате да водите грижа за останатите, па најчесто немате време за вас.
Поради тоа одлучете се за диета т.е исхрана на која не и е потребно многу подготовки.
Зелената диета поради намирниците кои не бараат подготовка е совршена за вас, но сепак не заборавајте да внесувате и протеини со кој ќе имате доволно енергија.
ЛАВ – Брза диета
Вие сте огнен знак, па не сте трпелива личност. Сакате брзи резултати, па верувате дека за вас не треба да важат истите правила како за останатите луѓе.
Одлучете се за брза диета, но по неа обидете се да го стабилизирате вашиот прехрамбен режим, за да не доживеете јо-јо ефект.
ДЕВИЦА – „South Beach“
Јадете мали оброци во текот на денот, но бидејќи често ги прескокнувате оброците, а сте навикнати се да е под конец, внимавајте на вашето здравје.
Оваа диета може да биде добра за вас бидејќи така ќе внесувате здрави намирници, па нема да имате проблем со здравјето и подготовката на оброците.
ВАГА – Зона диета
За вас важи правилото дека сте неодлучни, во однос на диетата, а не храната.
Зона диетата се темели на рамнотежа и правилно внесување на намирниците: 40% јаглен хидрати, 30% протеини и 30% маснотии.
ШКОРПИЈА – Соном диета
Вие сте хедонисти кога е во прашање храната. Не сакате ништо да ви биде скратено, па поради тоа одберете на диетата Соном, која ќе ви овозможи рамнотежа помеѓу гурманското уживање и здравата исхрана.
СТРЕЛЕЦ – Месна диета
Вие сте многу активна личност па поради тоа ви треба диета која ќе ви даде доволно енергија за извршување на сите активности. Па поради тоа месната диета е одличен избор за вас.
ЈАРЕЦ – Лимонова диета
Вие сте упорни и доследни. Со лимоновата диета ќе добиете доволно енергија, но и ќе му направите детоксикација на организмот. Припадниците на овој знак се придржуваат кон диетите.
ВОДОЛИЈА – Диета од три дена
Се ви е јасно, потребна ви е брза диета која е многу кратка. Најчесто вие сте на диета пред некое големо случување, когас треба да блеснете или облечете некој фустан.
РИБИ – Медецинска диета
Чувствутелните и сезибилни риби бараат диета која ќе им овозможи и духовно задоволство.
Бидејќи кога сте под стрес вие секогаш јадете многу, па ви е потребен режим кој ќе ви го подобри нервниот систем за да не паднете во депресија.