Кендал Џенер се најде во центарот на скандалот со рекламата во која таа ја имаше главна улога.
Иако компанијата ја повлече рекламата, сепак реакциите не стивнуваат, а тоа очигледно влијаеше и на моделот.
По скандалот, Кендал се појавија на аеродром во Париз заедно со пријателката Хејлчи Балдвин.
Иако медиумите повеќе часови чекаа изјава од младата ѕвезда, таа цело време го криела лицето од апаратите и камерите, обидувајќи да ги избегне медиумите.
Извор близок до ѕвездата изјавил дека Кендал била очајна откако била повлечена рекламата и била подготвена да бара обесштетување од компанијата.
„Беше ужасната. Сѐ што е навредливо едноставно не е нејзина особина. Таа секогаш мисли добро за другите“, вели изворот.