Откако Зајн Малик ја напушти групата „One Direction“ и реши да започне своја соло кариера, останатите членови немаа никаков коментар.
Сега на ваков чекор се одлучи и миленикот на женската публика Хери Стајлс.
На почетокот на годината, тој потпиша договор со еден од најдобрите американски агенти, Џефри Азоф, кој набрзо му донесе соработка со музичкото студио на „Columbia Records“.
По овие потврдени информации, Хери почнал и да работи на неговиот соло албум.
Во овој период во групата „One Direction“ е навистина тензично, а и меѓу обожавателките исто така бидејќи не знаат дали групата ќе продолжи да работи на свои песни или секој пејач ќе си започне соло кариера.