Повеќе од очигледно е дека Ким Кардашијан и Кание Вест не се во најдобри брачни односи.
Парот излезе на вечера за прв пат по нервниот слом на Вест и ги потврди гласините дека постојат сериозни проблеми во нивната врска.
Сопружниците одеа разделено и со незадоволен израз на лицето.
Ким само помина покрај фоторепортерите, додека Кание изгледаше мошне дезориентирано.
Британскиот Daily Mail ексклузивно објави дека раперот има проблеми со довербата во луѓето откако платил 250 илјади долари на близок роднина, кој го уценувал дека ќе ја објави неговата секс снимка со непозната девојка.
По нервниот слом, раперот ја бојадиса косата, па дури договори средба со новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп.
Додека тој се бори со своите внатрешни демони, Ким изгледа не е расположена да биде сопруга полна со разбирањеи иако нејзините пријатели изјавуваат дека таа му е посветена на Вест, фотографиите покажуваат нешто друго.