Почетната страница на интернет пребарувачот Google, со анимација не потсетува дека денес е рамноденица, односно дека на северната хемисфера почнува есен , а на јужната пролет.
Есента ќе започне во 16 часот и 22 минути и ќе трае до 21 декември кога официјално започнува зимата.
За време на рамноденица правците на изгрејсонцето и зајдисонцето се најблиску до точните правци на исток и запад, а во моментот на рамноденица сончевите зраци паѓаат на екваторот под прав агол.
Сепак за време на есенската рамноденица, денот и ноќта не траат исто поради атмосферата која ја има Земјата и го издигнува сонцето над хоризонтот.