Актерката Кери Фишер, легендарната Принцеза Леа од „Стар ворс“, почина денеска на 60- годишна возраст, потврди портпаролот на семејството Фишер, во име на нејзината ќерка Кери Били Лурд.
„Ја сакаше целиот свет и многу ќе ни недостасува“, изјавила нејзината ќерка Били Лурд и потврдила дека нејзината сакана мајка починала денес во 08:55 наутро.
Таа во петокот доживеала срцев удар за време на летот од Лондон до Лос Анџелес, по што лекарите соопштија дека нејзината состојба „не е добра“.
Актерката во Лондон ја промовира нејзината најнова книга „Принцезата дневничар“, базирана на дневниците што ги водела како 19-годишничка за време на снимањето на филмот „Војна на ѕвездите“ од 1977 година, во кој ја играше Принцезата Леја, лидерот на бунтовниците.