По кусо и тешко боледување вчера во Загреб почина една од најголемите македонски пејчки ѕвезди од 70-те и 80-те години, Љупка Димитровска.
Димитровска е родена на 25 јули 1946 гиодина во Скопје, но последните неколку децении од својот живот ги мина во Загреб.
Таа беше една од најпопуларните пејачки во поранешна Југославија.
Некои од нејзините најпознати хитови беа „Адио“, „Твоја барка мала“, „Ѕвона ѕвонат“…
Во 1968 година Димитровска се омажи за позантиот композитор и диригент Никица Калоѓера со кого беше во брак се до неговата смрт во 2002 година.
Од бракот со Калоѓера, Љупка ја има ќерката Ника.