Почина најстариот жител на планетата!

Најстариот жител на планетата, Јапонката Наби Таџима, почина на 117 години во болница на островот Кикај.

Властите од префектурата Кагошима соопштија дека таа починала вчера во 20 часот по локално време од природна смрт.

Таџима живееше во Дом за стари лица, а во јануари поради општа изнемоштеност беше примена во болница.

Таа во септември 2015 година стана најстариот човек во Јапонија. По смртта на 117-годишната жителка на Јамајка, Вајолет Брауб, во септември 2017 година Таџима беше прогласена за најстариот човек во светот.