Подароци вредни милиони: Што се доби принцезата Шарлот за роденден

Најмладиот член на британското кралско семејство вчера наполни една годинка.

Малата Шарлот беше третирана како вистинска принцеза за својот роденден, а и подароците кои пристигнаа од 64 земји во светот тоа го потврдуваат.

Според листата на подароци што ја објави Кенсингтонската палата, Шарлот во изминативе 12 месеци добивала разни интересни нешта.

принцеза шарлот

Една од нив е и сребрена тропалка од претседателот на Мексико, Енрике Пења Нието и неговата сопруга, Анхелика Ривера.

Сличен подарок, само од бело злато е исто така на листата, а сите тропалки што ги добила се во вредност околу 44.000 долари.

подароците на шарлот

Комплетната листа на подароци:

-тропалка од бело злато, украсена од дијаманти, рубини и сафири од компанијата„The Natural Sapphire Company“

-тропалка од брезово дрво, рачно изработена од Киран Хоган, изработувач на корпи

-сет од свилени декорации, со сликата на „Сон во црвениот павилјон“ од кинескиот претседател Кси Џинпинг

-слагалица, плишана играчка – кучето „Бо“, столче-клацкалка и бебешко ќебе доби од претседателот на САД, Барак Обама и сопругата Мишел

подароците на шарлот

подароците на шарлот

-бајки од Ханс Кристијан Андерсен од премерот на Британија, Дејвид Камерон

-скафандер, книга и добротворна донација од околу 75.500 долари од поранешниот канадски премиер Стефен Харпер.

-скафандер од „Велингтон Рагби“, Нов Зеланд

-пижами од „Њу Зеланд Рагби“

-мечиња, кебенца, плетени чевличиња изработени од волна од премиерот на Нов Зеланд, Џон Ки.

-розово фустанче со натпис „From Israel With Love“ од претседателот Ривлин од Израел

подароците на шарлот

-традиционално палто од кралот и кралицата на Бутан

-сет од биоразградливи пелени од Пипа Мидлтон

-ќебе од мерино волна и донација од 5.200 фунти (околу 7.500 долари) од владата на Австралија

подароците на шарлот