Подготвени за плажа: 20 начини за затегнат стомак

За време на сезоната на лесна облека, повеќе нема начин како да се сокријат масните наслаги на стомакот.

Ние ви претставуваме листа на вежби, јадења и совети кој ќе ви помогнат пред летото да постигнете задоволувачка линија.

Рамен, исончан стомак – тоа е целта која многу од нас сакаат да ја постигнат во оваа сезона.

Но, изгладнувањето од два три месеци не е најдоброто решение, ниту пак најзабавниот начин да се постигне рамен стомак.

Задоволувачки резултати може да се постигне со внесување мали промени во секојдневието. На пример, стегнувајте ги мускулите додека се движите или хранете се здраво.

Со овие едноставни совети, ќе ги истакнете стомачните на најдобар можен начин…

1. Наместо кафе – движење
Наместо со пријателите од сабајле да одите на кафе или во ресторан, предложете им кафе за носење. Студиите покажуваат дека на тој начин вежбаме поефективно, но ако имаме партнер за оваа активност. Предложете неделните разговори да ги водите на прошетка или иницирајте заедничко одење во теретана.

2. Секојдневно работете на вашите стомачни
Растегнете еластична врвка со рацете, лежете на под, испружете ги нозете и рацете кренете ги високо над вашата глава. Стегнете ги стомачните, подигнете ги рацете, а во исто време и главата, рамениците и торзото кон стопалата и издржете во оваа позиција колку можете подолго. Петите не ги одвојувајте од подлогата и обидете се со рацете да го допрете подот. Одморете, и потоа полека враќајте се кон првобитната положба. Повторете ја оваа вежба од 5 до осум пати, со 30 минути кардио вежби, пет до шест пати дневно.

3. Имајте време за кардио
Ако сакате да ги топите маснотиите на стомакот тогаш аеробикот е најефикасниот начин. Иако, тренинг за издржливост троши 67% повеќе калории од тренингот за сила.

4. Научете ги движењата на Спајдермен
Ослободете се од масните наслаги со движењата на Спајдермен. Легнете на стомак , а рацете ставете ги под рамениците. Згрчете ги стомачните, ставете ја левата нога кон надвор и подигнете ја кон левото рамо. Одморете се и вратете се на почеток. Повторете го ова 20 пати наизменично, од 5-6 пати неделно, со 30 минути кардио вежби.

5. Бидете први кога порачувате во ресторан
Ако нарачувате последни додека келнерот запишува што сакаат другите, тоа ќе ви го отвори апетитот. Затоа нарачајте први, одлучно без предомислувања и недозволувајте другите да ве предомислат за вашиот избор.

6. Вежбајте чистејќи
Причина повеќе да се започне со пролетното чистење: правосмукалката е одлична за стомачните. Затегнете ги мускулите додека работите со правосмукалката и резултатот нема да ви недостига.

7. Избегнувајте сол
Солената храна бара течности, а тие допринесуваат да делувате подуено.

8. Зазеленете ја исхраната
Половина авокадо содржи 10 грама незаштитени масни киселини кои го намалуваат шеќерот во крвта поради кој се наталожуваат маснотиите околу стомакот. Јадете четвртина лажичка дневно и ќе ја почуствувате разликата.

9. Фаќање топка
Лежете во поза за правење стомачни. Потоа замолете некого да ви ја фрла топката. Така наизменично лево, десно од вас нека ја додава топката додека вие се подигате и ја фаќате. Обидете се да издржите што можете повеќе.

10. Намалете со газираните пијалоци
Што мислите, каде завршуваат сите балончиња од газираниот пијалок? Во вашиот стомак, нормално. Држете се затоа до стандардното решение – вода.

11. Избегнувајте го алкохолот
Чаша вино после оброк може да биде причината зошто фармерките ви се претесни. Конзумацијата на алкохол го подигнува нивото на кортизолот, а тој ги таложи маснотиите во вашето тело.

12. Заштитете се со семки и сончоглед
Семките и сончогледот се незаштитени од масните киселини и витаминот Б. Затоа во вашата салата додадете две лажици.

13. Мислите на стомакот додека се движите
Додека одите, замислете дека во утробата имате магнет кој го вовлекува вашиот стомак. Вежбајте додека ваквото одење не ви стане навика.

14. Уште вода !
Пиењето големи колични вода помага да созададете залихи кои на вашето тело ќе му бидат потребни со растењето на температурите.

15. Хранете се со морска храна
Рибите се богати со омега 3, а тоа се намирниците кои го потикнуваат вашиот организам да ги троши масните наслаги. Најдобрите резултати ќе ги добиете ако ја готвите рибата.

16. Доволно спијте
Истражувањата покажуваат дека оние кои спијат седум часа или повеќе во текот на ноќта губат двапати повеќе маснотии и го намалуваат гладот и желбата за храна.

17. Скокнете во ринг
Можеби боксот е најдобра вежба за постигнување на целите? Сите тие удари ги топат вашите масти, но истовремено го зацврстуваат вашиот стомак.

18. Бидете активни и кога седите
Додека возите, седите или нешто чекате, замислете дека потпирачот е со лепило и ве држи залепени за седиштето, па седете исправени. Рамениците повлечете ги назад, подигнете го стомакот и внимавајте на дишењето.

19. Играјте тенис
Мафтањето со рекетот исто така е добро за стомачните мускули. Со секој форхенд или бекенд го затегнувате торзото и резултатите ќе ги почуствувате по неколку сетови.

20. Бидете на нозе
Додека правите вежби за сила, бидете што подолго на нозе во исправена положба. На тој начин ги активирате стомалните мускули. Концентрирајте се тие да бидат што е можно позатегнати, но притоа немојте да го задржувате воздухот.

Фото: Pixabay.com