Според најавите на УХМР, времето денес ќе биде сончево со мала локална облачност во јужните делови и со слаб јужен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната од 20 до 26 степени.
Од среда следува период на претежно облачно време, преку денот значително посвежо, со врнежи од дожд со променлив интензитет.
Врнежите ќе бидат пообилни во четврток, особено во западните и југозападните делови.
Во среда и четврток ќе дува повремено засилен ветер од југоисточен правец.