Подгответе топла облека, викендов не очекуваат ниски утрински температури!

Денес аксималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 25 степени.

Поради разведрувањето, во сабота ќе имаме многу постудено утро со минимални температури во интервалот дури од -1 до 10 степени во најтоплите предели од државава, додека на високите планини ќе биде уште постудено.

Ниски температури наутро ќе имаме и во недела, како и на почетокот од следната недела, па поради ваквата ситуација, доколку излегувате наутро, од сабота задолжително понесете топла облека.

Последните анализи укажуваат на тоа дека зимата 2019/2020 ќе биде постудена за разлика од изминатите, со почести и посилни студени бранови.