Погача

Состојки:

За тесто:

1кг бело брашно тип 400
2 лажички сол
1 маргарин за премачкување
40г квасец
2 јајца
150мл масло за јадење
100мл млеко
2 лажички шеќер
Околу 300 мл вода
Сусам или ким за декорација
Подготовка:

Од горенаведените состојки се замесува изедначено тесто, се покрива и се остава да стаса околу 20 минути. Тестото се дели на 3 парчиња кои се обликуваат во 3 топчиња. Од секое се развива кора која се премачкува со маргарин и се витка во ролат. Се сечат парчиња кои се редат во тркалезно тавче и се остава на топло околу 20 минути. Погачата се посипува со сусам или со ким и се пече на 220°С-250°С до 30 минути во зависност од рерната.

Добар апетит!