Режисерот Кејси Нистат го документирал своето патување од Дубаи до Њујорк и тоа во еден од најлуксузните авиони кои постојат во светот.
Авио компанијата „Emirates“ на YouTube ѕвездата му овозможила бесплатно патување во првата класа, откако претходно тој купил карта за бизнис класа.
Според негвоите наводи, вакво место во авионот чини неверојатни 21.635 долари или околу 19.500 евра.
Покрај изобилството од врвни и луксузни јадења и пијалоци, Кејси во својата посебна кабина има и голем телевизор, добил пижами и познати козметички производи.