Погледнете како изгледаат мини лубениците големи колку орев кои растат во Грција

Фармерот Панајотис Јилтидис од местото Нео Ајонери во областа на Кукуш во севрениот дел на Грција, прв почна да призведува мини-лубеници кои може да се носат и во џеб, големи се колку орев или колку тениско топче, со најголема тежина до 200 грама.

Тие од надвор изгледаат како обичните лубеници, но внатре се меки и сочни, а семките им се распоредени во средината како кај лубениците со „регуларна“ големина.

Јилтидис во шега вели дека неговите лубеници се како создадени да се носат во џеб или во женска чанта бидејќи не се нешто многу поголеми од кармин.

На овој необичен потфат, грчкиот фармер се одлучил откако некој постар човек од Изарел му испратил семе.

„Луѓето овде се посветени на одгледување лубеници и дињи и во почетокот и јас се сомневав дека ова ќе успее. Меѓутоа, оваа година гледам дека сме на прав пат“ – вели Јилтидис.

Овој грчки фармер своите мини-лубеници ги презентирал на Халкидики и вече добил многу нарачки од сопствениците на ресторани и на продавници за здрава храна.