Неколку километри од градот Пуерто Валјарта, во Мексико, се наоѓа Националниот парк Острови Маријета.
Тоа се два идилични острови кои туристите ги обожуваат, а посебно еден од нив, поради плажите кои тука се наоѓаат.
За време на Првата Светска војна, мексиканската војка го користела овој остров за тестирање на најразлични бомби.
Мексиканците ја нарекле „Плажа на љубовта“.
Во кратерот се оформила прекрасна песочна плажа од која со водени тунели може да се стаса и до самиот брег на морето.
Плажата на љубовта не е единствената случајна сензација на острвот.
Останатите експлозии создале бројни пештери и тунели кои туристите со задоволство ги истражуваат.