Познатите ѕвезди не можат да зборуваат со птиците, да јаваат змејови, да го преспијат 100-годишниот сон и да летаат на волшебен килим, но некои од нив потсетуваат на Дизниевите принцези.
Со својот изглед, гестовите и однесувањето – сличноста со Дизниевите принцези е неверојатна и зачудувачка во сите сегменти.
Кети Пери и Снежана
Кети Пери неверојатно потсетува на јунакињата од цртаниот филм „Снежана и седумте џуџиња“.
Со нејзината црна коса како абонос, црвените усни како крв и белата кожа како снег, како да е во прашање копија на Снежана.
Блејк Лајвли и Заспаната убавица
Блејк Лајвли, иако е мајка и сигурно не спие 100-годишен сон, неверојатно личи на Аурора од цртаниот филм „Заспаната убавица“.
Нејзините јаболчници, долгата, барновидна коса и обликот на очите премногу личат на девојката која се криеше од лошата вила длабоко во шумата.
Елса и Рејчел МекАдамс
Однадвор изгледаат како резервирани и ладни, но и двете се со отворен дух и кога подобро ќе ги запознаете, ќе забележите дека станува збор за отворени и пријателски настроени жени.
Исла Фишер и Ариел
Кога ќе ја погледнете Исла Фишер ќе забележите дека нејзината боја на коса, но и фризурата неодоливо потсетуваат на Малата Сирена.
Ема Вотсон и Бела
Ема Вотсон е вистинска убавица како Бела. Таа е паметна и сака книги исто како оваa јунакиња, но истовремено е многу женствена и суптилна.
Сара Шахи и Јасмин
Сара Шахи исто како Јасмин на прв поглед делува бунтовно и диво, но под површината се крие шармантна и прекрасна личност.
Таа исто како оваа персиска принцеза во себе има сина крв, бидејќи нејзиниот прадедо некогаш владеел со Иран.
Тејлор Свифт и Пепелашка
Тејлор Свифт неверојатно потсетува на Пепелашка. И таа исто така имала тежок период во животот како Пепелашка, а денес е големо име во музичката индустрија.
Ема Стоун и Ана
Симпатични и забавни, но ќе се сложите и дека Ема Стоун и Ана неверојатно си личат.
Исто како Ана и Ема е едноставна и повлечена иако е позната ѕвезда и милионерка.