Пол Мекартни го тужи „Сони“ за правата над песните на „Битлси“

Сер Пол Мекартни поднесе тужба против компанијата „Сони“ за правата над песните на „Битлси“.

Кралот на поп музиката ги купи правата за 267 песни на бендот од Ливерпул во 80-тите, нудејќи повеќе пари и од самиот Мекартни.

битлси

Според адвокатите на Мекартни, „Сони“ не го зеле во предвид неговото барање за враќање на права.

Од компанијата пак го нарекоа случајот „избрзан и непотребен“ и истакнаа дека имаат „голема почит“ и долгогодишно партнерство со музичарот.

сони мјузик