Дел од српската естрада присуствуваше на тајната венчавка на еден либиски бизнисмен каде заработиле добра сума пари за неколку часовни настапи.
Ана Николиќ и нејзиниот сопруг Раста заедно со Андриана Чекиќ и Дара Бубамара биле специјални гости на венчавката.
Тие ги забавувале гостите со своите хитови, меѓу кои имало и уште многу други ѕвезди од српската естрада.
Богатиот бизнисмен не жалел пари на големиот ден, а посебно добро поминала Дара која наводно добила цели 20 000 евра за својот настап, од кои половина биле бакшиш.
„Врв, знаеш ли колку бакшиш ми дадоа вечерва, 11 илјади евра… не ми се верува“, и рекла Дара на една своја пријателка која вечерта била со неа.
Последни ресторанот го напуштиле Ана Николиќ и раперот Раста, од каде се упатиле кон еден ноќен клуб.