Полнет леб со шунка и кашкавал

За вистинските гурман, љубители на лебот подготвен со разни додатоци.

За овој рецепт, полнет леб со шунка и кашкавал ви е потребно следново.

Но, не мора да се задржувате само на овој рецепт, затоа што филот може да биде разновиден: домати, маслинки, песто сос, артичоки, печени модри патлиџани, сирење, кашкавал, салами.

Состојки:

1 тркалезна векна леб
50 мл маслиново масло
1 лажиче оригано
1 лажиче црвен пипер
1 лажиче ситно сечкан лук
120 гр шунка
200 гр моцарела
300 гр печени пиперки во тегла

Начин на подготовка:

– Исечете го лебот вертикално, притоа внимавајќи да не го засечете до долу.

– Измешајте ги маслото, ориганото, црвениот пипер и лукот. Со оваа смеса намачкајте ја внатрешноста на лебот.

– Секој засек наполнете го со парче моцарела, шунка и пиперка. Пиперките треба да бидат добро исцедени за да не биде лебот мокар.

– Лебот ставете го во тавче и во загреана рерна да се пече на 180 целзиусови степени околу 20 минути.

леб со шунка и кашкавал