Состојки:
8 средни домати
400 гр мелено месо
150 гр ориз
2 средни моркови
2 главици кромид
4-5 чешниња лук
зачини по желба (вегета,бибер, црвен пипер, босилок, магдонос, рузмарин, целер….)
1/2 лажица брашно
1 лажица доматно пире
Подготовка:
Доматите се мијат, се сече горниот дел. Средината на доматот се вади и ситно се сечка.
Во подлабока тава, на масло, се пржат ситно сечканите кромид и лук, им се додаваат ренданите моркови. По 5 минути се додава измиениот ориз, се пржи кратко и се додава меленото месо. Смесата се динста 15-ина минути, по потреба се додава малку вода. Се додаваат зачинот,, црвен пипер, сечкан магдонос и другите зачини по желба.
Со динстаното месо и ориз се полнат доматите, се поклопуваат со исечениот врв.
Полнетите домати се редат во сад за печење.
На малку масло се пропржува ½ лажица брашно. Се додава ситно сечканата средина од доматите, доматно пире и 100 мл вода. Се додаваат зачини по вкус, се вари 5 мин и со тоа се прелеваат полнетите домати подготвени за печење.
Се пече во рерна, на 200⁰С околу 30 мин. Ако доматите почнат многу да се запекуваат одозгора, се покриваат со алуминиумска фолија (без затворање).
Во тавата, пред печење, помеѓу доматите можат да се стават парчиња лута пиперка и гранчиња рузмарин, да му дадат пикантен шмек на јадењето.
Се сервира со пире компир или со препечен леб