Полнети домати со ориз и сирење

Состојки:

2 домати,
100 грама сирење,
100 грама ориз,
босилек,
1-2 чешниња лук.

Подготовка:

Отсечете им го врвот на доматите издлабете ги и ставете ги во огноотпорна тава. Смесата за полнење направете ја од издробено сирење и варен ориз, додајте малку боселек, остатоците од доматот исечени на коцки и сецкан лук. Наполнете ги доматите и печете во загреана рерна 15-20 минути.

Полнети домати со ориз и сирење