Поминаа 19 години кога за прв пат ја слушнавме песната “Barbie Girl” од групата “Aqua”.

Песната на данско-норвешката група, која ја сочинуваа Лена Нистром, Рене Диф, Сорен Растед и Клас Норен со години беше хит, дури и по нивното повлекување од сцената.

Идејата за песната настана откако члеовите на бендот погледнале изложба на кич култура и одлучиле да ја отпеат.

Групата “Aqua”го издаде популарниот албум “Aquarium” во 1997 година, а во 2011 издадоа уште еден албум.

Во тој период бендот се распадна, но повторно се вратија во 2007 година. Но и покрај сите обиди, не успеаа да го надминат својот најголем хит.

група Аква денес

Лена денес е во брак со Сорен и имаат две деца. Сеуште се занимава со музика, но како солиста.

Рене е тренер и пушта музика во локалните клубоци, а Клаус живее во Лондон.