Јавното обвинителство на бразилската сојузна држава Рио Суи до Гранде наредило одземање на пасошот на Роналдињо и на неговиот брат поради долг од два милиони долари.
Браќата во 2015 година добиле пресуда, според која, треба да платат казна во висина од 2 милиони долари поради уништување на природните добра на Порто Алегро.
Роналдињо и неговиот брат изградиле воденица и магацин на брегот на езерото Гаиба кои се во заштитено подрачје, поради што државата ги тужела.
Двајцата избегнувале да платат казна, и за да си го наплати долгот државата им го ограничи движењето. Нивниот спорен имот на езерото е запленет се додека не ја платат казната. Во решението на државното обвибителство стои дека сметките не им се блокирани бидејќи на нив имало само 5-6 долари.
Освен одземањето на пасошите, бразилската држава издала забрана за издавање нови патни исправи на Роналдињо и Асис се додека не го платат долгот кон државата.