Долги години ме прашуваат дали некогаш ќе водам Оскар, а мојот одговор секогаш беше ист. Тоа би била животна шанса за мене како комичар и ќе се случи кога ќе треба и кога ќе биде време за тоа. Водењето на Оскар отсекогаш беше моја цел. Сеуште не можам да поверувам дека ќе се приклучам на легендарната листа на водители кои ја краселе сцената на Оскарите. Знам дека мајка ми е до уши насмеана” – изјавил комичарот Кевин Харт по веста дека токму тој ќе биде домаќин на доделувањето на филмските награди Оскари.
Но, твитовите кои пред неколку години ги објавувал Харт а со кои директно ги навредувал хомосексуалците, го нарушиле неговиот кредибилитет да биде водител на престижните награди.
„Одлучив да не ги водам годинешните Оскари. Искрено се извинувам на ЛГБТК заедницата поради моите бесчувствителни зборови во минатото“, напиша 39-годишниот актер.
Откако од Академијата за филмски уметности и науки е побарано Кевин официјално да се извини, тој го одговорил следново:
„Одлучив да го ’прескокнам’ извинувањето. Причината е што на тоа одговорив веќе неколкупати… Ќе бидам свој, ќе се придржувам до своите ставови“, рече комичарот, додавајќи дека напредувал од времето кога меѓу 2009 и 2011 година поставувал хомофобни твитови кои во меѓувреме ги избришал.