Руфиго Борего од Португалија, поминал 43 години во инвалидска количка поради погрешна анализа на докторите, за потоа да прооди и да ја открие својата вистинска болест, пренесуваат португалските медиуми.
Докторите во Лисабон пред 43 години откриле дека Борего боледува од неизлечива мускулна дистрофија, но таа дијагноза еден невролог во 2010 година ја оценил како погрешна, наведувајќи дека пациентот боледува од замор на скелетните мускули.
Неврологот на пациентот му препишал еден лек против асма кој се користи и за таа ретка болест, после што Борего можел повторно да оди.
61-годишниот португалец сега води потполно нормален живот и два пати годишно треба да оди на физикална терапија.
Руфиго не сака да поднесе тужба против докторите, оценувајќи дека неговата ретка болест била малку позната во тоа време.