Поранешниот сопруг на актерката Скарлет Јохансон, бизнисменот Ромен Дориак побара старателство над нивната ќерка Роуз.
Иако, Дориак ја замоли Јохансон да размисли уште еднаш за разводот, за доброто на Роуз, Скарлет во судницата изјави дека нивниоот брак е „неповратно скршен”.
Дориак сега може да преговара само за поделбата на имотот и за старателството над нивната ќерка, а нему му пречи што сето тоа станало јавна работа.
Јохансон сака заедничко старателство, но бара Роуз да остане да живее со неа, а Дориак инсистира девојчето да се пресели кај него во Франција”.
Ова е втор развод за Скарлет, по оној со глумецот Рајан Рејнолдс во 2011 година.