Состојки:
3 лажици путер
2 големи портобело печурки, исечени на парчиња
1 рака спанаќ (свеж или замрзнат), исечкан и исцеден
1/4 лажичка сув босилек
1/4 лажичка сол
1/4 лажичка бибер
1 чешне лук, исечкан
2 лажици суво црвено вино
1/4 шолја рендан пармезан
Подготовка:
Путерот ставете го во голема тава за пржење на среден оган. Пропржете ги печурките, спанаќот, босилекот, солта, биберот и лукот додека печурките и спанаќот не омекнат.
Додадете го виното и намалете го огнот. Оставете ја смесата да крчка 1 минута. Додадете го пармезанот, промешајте и послужете.