Иако во неделата на забавата по Оскарите ги видовме заедно, сепак Кејти Пери и Орландо Блум раскинаа!
Портпаролот на пејачката потврди дека Кејти повеќе не е во љубовна врска со актерот Орландо Блум.
„Пред да почнат да се шират гласини и лаги, потврдуваме дека Кејти и Орландо веќе не се во врска“, стои во соопштението за јавноста.
Пери и Блум започнаа љубовна романса минатата година, после доделувањето на Златните глобуси.