Популарниот пејач Џорџ Мајкл беше погребан во Лондон, на приватен погреб само за членовите на семејството и најблискиот круг на пријатели.
Погребот се одржа повеќе од три месеци по смртта на музичарот кој почина на Божиќ.
„Можеме да потврдиме дека денес беше извршен погребот на пејачот Џорџ Мајкл. Членовите на семејството и пријателите се собраа на мала церемонија за да се збогуваат со својот син, брат и пријател“, стои во соопштението што го објави „Variety“.
Семејството се заблагодари на фановите за пораките со љубов и поддршка, а во соопштението се замолува јавноста да ја почитува нивната приватност за да можат да продолжат со животите без медиумско присуство.
„The Mirror“ објави дека на погребот присуствувале партнерот на Мајкл Фади Фаваз, како и Ендру Риџли, Мартин Кемп и Кејт Мос.