Познатиот спортски бренд Пума го избра “The Weeknd” како најновиот амбасадор на брендот за заедничка соработка на колекција што треба да излезе во 2017-та година.
Пејачот ги следи постапките на Ријана, која ја задржа нејзината позиција како амбасадор изминатава година со нејзината “Fenty” линија.
Неговиот стил е опуштен, составен од кежуал облека, темни бои и повремени бомбер или тексас јакни.
Пејачот, ќе започне да го остава својот белег на “Puma” кога ќе се појави во видето за новата кампања “Run the streets”, кое ќе излезе во Ноември.
Меѓу другите познати личности кои биле заштитни лица на брендот се и Кара Делевињ и Кајли Џенер.