Семејството на претседателот Обама ќе го помине последниот Божиќ во Белата куќа после осум години, а за таа цел тие не се штедеа кога станува збор за празничното декорирање.
Темата на овогодинешните украси е “Празниците како подарок”, а тоа може лесно да се забележи од многубројните завиткани подароци кои ја декорираат претседателската куќа.
Едни од највпечатливите украси оваа година се џиновските плишани реплики од нивните две кучиња, Сани и Бо, како и куќите направени од лего коцки кои ги симболизираат 56-те држави и територии на САД.
Но, сепак како и секоја година главната атракција е новогодишната елка која се наоѓа во Сината соба, а каде Првата дама на Америка Мишел Обама сака да ги пречекува своите гости за празниците.