Новиот број на престижниот магазин „Плејбој“ после подолго време ќе има маж на насловната страна.
Изданието за ноември/декември ќе биде последен поздрав за нивниот татко, Хју Хефнер.
На насловната страна ќе биде фотографијата на Хефнер направена во 1965-та година на почетокот на неговата кариера.
На фотографијата таткото на Плејбој има 39-години.
Инаку Хју ќе биде 11-от маж кој ќе се најде на насловната на ова списание, но е првиот кој позира сам без полу-гола девојка со него.