Светот денес е во шок по веста дека синоќа почина музичката легенда, Џорџ Мајкл.
Пејачот почина во својот дом, а според неофицијалните извори причинител на смртта е срцев удар.
Инаку Џорџ Мајкл изминативе месеци ретко го гледавме во јавност, а последната фотографија од него е направена во септември, во близина на неговиот дом.
Пејачот ужива на вечера со своите пријатели во еден ресторан, а на фотографијата забележливо е дека изгледа уморно и имал неколку килограми плус.