Мухамед Али почина на 74-годишна возраст во Аризона, по 32-годишна битка со Паркинсоновата болест.
А, додека светот е шокиран од оваа загуба, на интернет се појави последната фотографија од боксерот.
Последното појавување на Мухамед било во април за време на хуманитарното случување „Celebrity Fight Night“ во кое се собираат средства за неговата фондација за борба со Паркинсовата болест.
Тој на забавата се фотографирал во друштво на Кери Андервуд, а пејачката сега ја сподели фотографијата.
Фондацијата која е со седиште во невролошкиот институт во Аризона, Мухамед собрал 118 милиони долари во период од 20 години.