Последното лето на Лејди Ди прикажано низ фотографии

По нејзиниот развод од принцот Чарс, приватниот живот на принцезата Дијана стана вистинска мета за папарците.

Иако таа продолжи со хуманитарната работа, сепак сите се интересираа за нејзините врски со Хаснат Кан и Доди Ал-Фајед.

Летото во 1997-ма година беше фатално за Лејди Ди, а низ фотографии погледнете како таа ги помина своите последни денови.

22 мај 1997

Принцезата го посети Лахоре со цел да собере повеќе пари за клиника за лекување од рак, основана од нејзината блиска пријателка, Имран Кан.

3 јуни 1997

Дијана беше голем љубител на балетот, па во јуни 97-ма година во Ројал Алберт Хол се сретна со балерините и балетаните кои го изведоа „Лебедовото Езеро“.

18 јуни 1997

Лејди Ди и Мајка Тереза се сретнаа во Њујорк.

Ова ќе биде нивната последна средба која беше овековечена со фотографија на која принцезата и хуманитарката шетаат низ улиците на Бронкс фатени за рака.

22 јуни 1997

Дијана во Њујорк пред крајот на јуни организираше гала забава по повод аукција на која беа дадени дел од нејзините фустани.

30 јуни 1997

Еден месец пред трагичната смрт, принцезата се појави на насловната на „Vanity Fair“.

1 јули 1997

На нејзиниот 36-ти роденден, Лејди Ди се појави на 100-годишнината од основањето на Тате галеријата во Лондон.

17 јуни 1997

Дијана уживаше на одмор во Сент Тропе, Франција.

22 јуни 1997

Принцезата се појави на модно шоу во Италија. Шоуто беше организирано од нејзината пријател, дизајнерот Џани Версаче.

10 август 1997

Последната официјална посета, Лејди Ди ја имаше во Сараево, БиХ.

28 август 1997

Дијана беше забележана на јахтата на Ал-Фајед со која имаа интимно крстарење по Медитеранот.