Уште за време на Канскиот филмски фестивал, Блејк Лајвли го покажа своето бремено стомаче, но и безпрекорниот стил во втората бременост.
Актерката трудничкиот сјај и стил го потврди и со последното појавување.
28-годишната Блејк додека се подготвуваше за „The Tonight Show“ на Џими Фелон промени два изгледа.
За самото шоу се одлучи за син тесен фустан со голи раменици, кој го покажа нејзиниот сексипил, но и стомачето.
А, претходно се појави во кратко фустанче кое ги открива нејзините витки нозе во крем нијанса.
Блејк Лајвли блеска!