Потпечени пица макарони

Состојки:

400гр макарони
300гр печурки
пилешка шунка , кулен, паризер ( по избор)
кашкавал
кечап
оригано
малку маргарин

Прелив:

2јајца
1 чаша јогурт
малку сол

Подготовка:

Сварете ги макароните во солена вода, исцедете ги и измијте ги со ладна вода. Додадете ја шунката исецкана на коцки, кашкавалот исечен на коцки, малку кечап и оригано. На малку масло издинстајте ги печурките исечени на листови, додадете сол. Откако ќе ги издинстате додадете ги во првата смеса и добро измешајте. Смесата ставете ја во огноотпорен сад, премачкан со малку маргарин. Премачкајте со кечап, и изрендајте малку кашакавал. Изматете ги јајцата и јогуртот, ставете сол, па полиете го врз кашкавалот.

Ставете ја смесата во рерна и печете на 200 степени.

потпечени макарони