Потресителна приказна на познатиот актер: Го застрелале татко му, а ја силувале сестра му

Келси Грамер стана познат со улогата на психијатарот Фрејзер Креј во серијата „Фрејзер“.

Познатиот актер нè засмејува со години, а малкумина од нас се запознаени со неговата тешка животна приказна.

Неговите родители се развеле кога имал само две години. Неговата мајка Сали, синот Келси и ќерката Карен, по разводот ги однела кај таткото, кај кого останале сè до неговата смрт.

Келси Грамер

Таткото на Келси, Френк Грамер, бил сопственик на ресторан. Една ноќ, Артур Нилс го запалил автомобилот на Френк, а во тој момент во куќата било целото семејство.

Кога Френк излегол надвор да види што се случува, Артур го застрелал. Келси тогаш имал само 13 години.

Седум години подоцна, кога Келси имал 20 година, неговата 18-годишна сестра ја силувале четири мажи, а потоа ја убил Фреди Ли Глен, кој бил сериски убиец.

Келси Грамер

Во 1980 година, полубраќата на Келси, Стивен и Били загинале. Били бил нападнат од ајкула, а Стивен се обидувал да го спаси, пришто загинал. Телото на Били никогаш не било пронајдено, а Стивен го нашле мртов на брегот.

Иако успешно изградил телевизиска кариера, мрачните настани во неговиот живот оставиле на Келси тешки последици.

Со смртта на сестрата никогаш не се помирил, како ниту со чувството на вина.

Келси Грамер